Грчките власти прогласија вонредна состојба во одредени делови од општината Иерапетра, поради катастрофалниот шумски пожар што изминативе денови беснееше во источниот дел од островот Крит.
Иако пожарот во голема мера е ставен под контрола, неговите последици се сериозни.
Огнената стихија започна во средата во околината на Иерапетра, при екстремно суви и ветровити временски услови.
Пламените јазици се проширија со голема брзина, зафаќајќи илјадници хектари обработливо земјиште и густи шумски површини на јужниот брег на најголемиот грчки остров.
Во текот на акцијата за спасување, властите организираа евакуација на повеќе од 1.000 лица – жители на загрозените подрачја и туристи кои престојувале во регионот.