Вонредна најава за невреме низ Македонија

До вторник нашата земја ќе биде под влијание на топлотен бран, со екстремно високи дневни температури кои на одделни места ќе надминат дури 40 степени Целзиусови.

Сепак, утре попладне и во вечерните часови се очекува развој на нестабилна атмосфера, особено во западните и централните делови на земјата.

Ќе има локални врнежи од пороен дожд проследени со грмежи, а можно е и краткотрајно невреме со засилен ветер и ретка појава на град.

Во делови од котлините, исто така, постои ризик од изолирани временски неприлики, при што се очекува засилување на ветерот и интензивни врнежи на краток рок.

Метеоролозите апелираат на внимателност, особено при појава на електрични празнења. Се препорачува граѓаните да избегнуваат престој на отворено и да не се засолнуваат под осамени дрвја, метални конструкции или во близина на вода, со цел да се избегне ризик од удар на гром.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде