Тешка сообраќајка: Автомобил излета од патот и се заби во дрво

Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во скопската населба Аеродром, на булеварот „Србија“, каде патничко возило марка „Ауди А5“ излетало од коловозот и завршило забодено во дрво во средишниот појас на булеварот.

Според првичните информации, ударот бил исклучително силен, а автомобилот по излетувањето завршил во зеленилото кое ги дели сообраќајните ленти. Сцената на местото укажува на сериозен инцидент кој можел да има многу потешки последици.

Засега нема официјални податоци за тоа дали има повредени лица, ниту пак се познати причините што довеле до губење контрола врз возилото. Овие информации се очекува да бидат утврдени по завршување на полицискиот увид.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи кои го обезбедиле теренот и започнале со увид за да се утврдат сите околности под кои дошло до излетувањето и удирањето во дрвото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде