Земјотрес со јачина од 4,1 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 4,1 степени го погоди Бомахан во иранската покраина Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, околу 43 километри од главниот град Техеран.

Веднаш по земјотресот, екипи на Црвената полумесечина беа испратени на местото на земјотресот за да ја проценат ситуацијата и можните последици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде