Цените на енергенсите на светските пазари бележат значителен раст, покажуваат најновите податоци од тргувањето.
Нафтата тип Brent достигна цена од 95,50 долари за барел, што претставува зголемување од 5,12 долари или 5,66 проценти. Во текот на тргувањето, највисоката цена изнесувала 97,50 долари, додека најниската била 94,54 долари.
Сличен тренд се забележува и кај американската сурова нафта WTI, која се тргува по цена од 87,62 долари за барел, со раст од 5,03 долари или 6,09 проценти. Максималната дневна вредност достигнала 89,55 долари, додека минималната била 86,49 долари.
Значителен скок има и кај лондонскиот гас-ојл, каде цената достигна 1.126,25 долари, со пораст од дури 98 долари или 9,53 проценти. Во меѓувреме, природниот гас за мај се искачи на 2,724 долари, што е зголемување од 1,87 проценти.
Најголем процентуален раст бележи нафтата за греење, која достигна цена од 4,0000 долари, со скок од 21,14 проценти во однос на претходното тргување.

