За денеска најавени врнежи од дожд – еве во кои делови од Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки раобтии (УХМР), во текот на седмицава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.

До среда ќе има локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде