СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од село Одри, тетовско, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 22.05.2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во село Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата.
Во село Пршовце и во село Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.

