Трагедија го потресе регионот: Младо момче e избодено со нож – им подлегнал на повредите на пат кон болница

Младичот кој беше избоден со нож на улицата Борска, Канарево Брдо, во Белград, почина.

Тој беше нападнат со нож околу 17 часот.

Од Брзата помош за „Танјуг“ изјавија дека тој бил избоден во грбот и во бутот.

Состојбата му се влошила при транспортот во болница.

Во Ургентниот центар се обиделе да го реанимираат, ама тој им подлегнал на повредите.

Лицата осомничени за нападот се приведени, објави РТС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде