19-годишник пронајден со повреди на главата во канал за вода – итно пренесен во болница

Младо момче од Кочани пронајдено повредено доцна синоќа во речен канал во виничко. 

– На 06.05.2026 околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во село Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.А.(19) од Кочани.

Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување, информираа од полицијата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде