Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави најнова метеоролошка мапа која покажува дека силен нестабилен систем се приближува кон Македонија.
Според моменталните податоци, невремето во моментов ги зафаќа делови од Црна Гора и Косово, а во наредните часови се очекува да се премести и над нашата земја.
Метеоролозите предупредуваат дека нестабилната воздушна маса може да донесе поројни врнежи од дожд, електрични празнења и локална појава на град, особено во западните и северните делови на земјата, а потоа и во останатите региони.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, да ги следат најновите информации од УХМР и надлежните институции и да избегнуваат престој на отворено за време на невремето, особено во подрачјата каде што ќе има интензивни временски непогоди.


