Последна вест од УХМР: Невреме со олуен ветер, пороен дожд и грмежи ќе ги зафати овие македонски градови

Силно невреме проследено со пороен дожд, интензивни грмежи и олуен ветер се движи кон Гевгелискиот и Дојранскиот регион.

Според моменталната состојба, во наредниот период невремето ќе ги зафати Гевгелија, Дојран и околните населени места, при што локално се очекуваат обилни врнежи, силни електрични празнења и засилени налети на ветер.

До граѓаните се упатува апел за зголемена внимателност. Се препорачува да се избегнува престој на отворено за време на невремето, да не се паркираат возила под дрвја и да се следат информациите и препораките од надлежните институции.

Надлежните служби ја следат состојбата, а доколку има потреба ќе бидат преземени соодветни мерки.