Познат идентитетот на повредените во тешката сообраќајка во Македонија

МВР излезе со детални информации за сообраќајката верижен судар во која учествуваа 4 возила, што се случи вчера во утринските часови на магистралниот пат Прилеп-Битола на 3 км пред влезот на Битола.

Осуммина повредени од кои шестмина (сите од Република Србија) се здобиле со тешки телесни повреди:

На 05.08.2026 во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од В.К.(35) од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М. (41) од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(57) од Охрид и патничко возило „фиат”со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П. (32) од Битола.

Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М. (34), С.Ж. (36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен” се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека, возачот В.П. и Д.А. (35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат” се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.