УХМР објави мапа: Моментално невреме со пороен дожд и грмежи – еве во кои делови од Македонија

Во делови од Македонија попладнево се регистрирани врнежи од дожд, покажува најновата метеоролошка мапа објавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според информациите на УХМР, врнежите се локални, а во планинските предели времето е нестабилно со поинтензивен пороен дожд и ретки грмежи.

Метеоролозите информираат дека нестабилноста е најизразена во повисоките предели, додека во останатиот дел од земјата времето е променливо облачно со локална појава на дожд.

Граѓаните кои се движат или престојуваат во планинските региони се советуваат да бидат внимателни поради можните краткотрајни, но интензивни врнежи и електрични празнења.

Според најавите, временската состојба ќе продолжи да се следи, а УХМР редовно ги ажурира информациите преку своите метеоролошки карти.