„Иако официјално сѐ уште не е отворен, македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград вчера бил вандализиран од страна на непознат сторители, објави здружението НовАсном,
додавајќи дека според информации од организациите за заштита на човекови права во Бугарија, вчера била извадена буквата М од називот на просториите на неотворениот клуб.
„Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија, чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин.
Од друга страна, нашата влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот.
Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“ реагираат од НовАсном.
Од здружението сметаат дека „негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија, како и нивно помагање, е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија“.
Извор: Слободен печат