Делчевскиот регион попладнево го погоди силно невреме проследено со пороен дожд, град силен ветер и грмежи.
Видеата кои се објавени на социјалните мрежи можете да ги погледнете на крајот од текстот.
Невремето се уште трае и засега не е познато дали и колкави се штетите.
УХМР за денеска најави дека попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи..
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Видеото можете да го погледнете ТУКА