Руската театарска и филмска актерка Анастасија Заворотњук, која странските медиуми ја нарекуваа една од најубавите во светот, почина на 53-годишна возраст по долго боледување, јавува Би-би-си.
Веста за смртта на актерката ја потврди и нејзиното семејство на социјалните мрежи.
Таа со години се бореше со ракот, а во август 2019 година престана да учествува во театарски продукции поради здравствени проблеми.
Голема популарност и донесе ТВ серијата My Fair Nanny, а вкупно одигра повеќе од 40 улоги во филмови и на телевизија.