Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8, јавува УХМР.
ПОСЛЕДНА ВЕСТ: УХМР само што објави за невреме во прилепскиот регион.
Нестабилна облачна маса јужно од Прилеп која дава грмежи, врнежи од дожд и има услови за појава на град.