УХМР информира дека битолскиот регион е зафатен со невреме.
Според информациите, нестабилна облачна маса источно и јужно од Битола која дава грмежи, врнежи од дожд и град.
Да потсетиме, претходно УХМР информираше за невреме и во Прилеп.
Нестабилна облачна маса јужно од Прилеп која дава грмежи, врнежи од дожд и има услови за појава на град, објави УХМР.