Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија.
Во голем број случаи веќе имало поплави, додека громови предизвикале пожари, поради што пожарникарите имале полни раце работа. Мрежата на Националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од гром во рок од два часа.
Дождот со послаб интензитет продолжува да врне, а претходно обилни дождови наврнаа во Дионисос, Агиос Стефанос и Спата. Пороен дожд во попладневните часови наврна и во Елефсина.
Попладнево лошо време го зафати и подрачјето на Пелопонез.
Вчера комисијата за проценка на ризици одржа итен состанок, а се состана и координаторот за Цивилна заштита, кој ги разгледа опасните временски појави.
Solun danas. Vreme je nepredvidivo i ne postoji grad na svetu u kome ne može da se desi nekoliko sati haosa nažalost. pic.twitter.com/sZ0d13uhxW
— Ilija Zivotic PhD (@MrZivotic) July 4, 2024
Σπάτα Αττικής🌧️ τώρα όπως μας ενημερώνει η φίλη της σελίδας Λαμπρινή Πάσχεντη#κακοκαιρια pic.twitter.com/sMnmv2hROm
— Meteo24news.gr (@Meteonews_gr) July 4, 2024