Младо момче од Кочани пронајдено повредено доцна синоќа во речен канал во виничко.
– На 06.05.2026 околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во село Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за П.А.(19) од Кочани.
Од екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување, информираа од полицијата.

