Камион излета од пат во село Глумово, на пат кон Матка. Возачот е тешко повреден.
– На 06.06.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат с.Сарај кон Матка во атар на село Глумово товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(60) од с.Шишево,скопско излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полциијата во вчерашниот полициски билтен.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

