Се шири снимка на социјалните мрежи: Пукање во Скопје!?

Пуктоници го растурија попладневниот мир во Ченто, јавуваат исплашени граѓани.

На видеото кое се шири на социјалните мрежи се слушаат истрели од пиштол, а според очевидците, претходела тепачка.

Додека едниот човек снима, другиот му вели: „Бегај, бегај“, а во позадина се слушаат извици и истрели од огнено оружје.

Од МВР нема потврда за настанот.

„До моментов нема пријава за пукање во Ченто“, рекоа од МВР за Инфомакс.