Започна невремето во Македонија – еве каде имаме нестабилност, УХМР објави мапа

Според најновата радарска слика на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во моментов има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, претежно во планинските предели на земјава.

Метеоролозите посочуваат дека станува збор за локални нестабилности кои во наредните часови може да предизвикаат краткотрајни, но поинтензивни врнежи, проследени со електрични празнења и засилени налети на ветер.

Од УХМР препорачуваат граѓаните да бидат внимателни доколку престојуваат или патуваат низ планинските региони, поради можноста за брзи промени на временските услови.

Се очекува состојбата да продолжи да се следи, а доколку има развој на поинтензивни нестабилни процеси, јавноста ќе биде навремено информирана.