Потресна порака од таткото на 18-годишната Габриела, која го загуби животот

Седум дена по трагичната сообраќајна несреќа во која загина 18-годишната Габриела Грѓан, млада пожарникарка од Хрватска, нејзиниот татко оставил трогателна порака на местото на трагедијата што трогнала многумина, објавува Црна Кроника Хрватска.

На оградата до дрвото во кое удрила колата, тој поставил мече, бели цвеќиња и знак на кој пишувало:

„Внимавај како возиш. Ми недостигаш. Со љубов, тато.“

Покрај цвеќето беше оставена лента со порака за последно збогување, додека фотографиите од местото на несреќата сведочат за разорната сила на ударот што засекогаш згасна еден млад живот.

За потсетување, хрватската полиција пред седум дена објави детали за оваа тешка несреќа. Според нивните информации, несреќата се случила во саботата, околу 9:00 часот наутро, на автопатот А1, меѓу 18-тиот и 19-тиот километар, на делницата помеѓу јазлите Јастребарско и Доња Зденчина.

Како што е соопштено, 18-годишна девојка, која не поседувала возачка дозвола, управувала со „БМВ“ со загрепски регистарски таблички по левата сообраќајна лента, во правец кон североисток.

Поради недоволно растојание зад возилото пред неа, таа се обиде да избегне челен судир вртејќи нагло налево, при што со предниот дел од своето „БМВ“ удри во задниот дел на „Опел Астра“ со унгарски регистарски таблички, управувано од 56-годишен унгарски државјанин.

По ударот, возилото излетало од патот и завршило меѓу дрвјата, каде што младата Габриела го загубила животот.