Источниот дел од Македонија е зафатен со нестабилна облачна маса, проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, а наместа е можна и појава на суградица.
Според најновата радарска слика објавена од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), временската нестабилност во наредниот период може локално да биде поизразена, со краткотрајни интензивни врнежи и засилен ветер.
Од УХМР претходно информираа дека денес и утре на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите може да бидат во форма на невреме.
Граѓаните во погодените подрачја се советуваат да бидат внимателни и да ги следат најновите информации и предупредувања од надлежните институции.
Погледнете ја најновата мапа на УХМР со состојбата на времето во Македонија.


