Први снимки: Тешка сообраќајна несреќа – сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато во двата правци

ФОТО: Инфо сообраќај

Сообраќајна несреќа се случила на патниот правец меѓу селата Ботун и Мешеишта, каде што патничко возило се превртело на коловозот.

Поради инцидентот, на оваа делница е формиран застој и сообраќајот се одвива отежнато во двата правци.

Засега нема официјални информации за причините што довеле до превртувањето на автомобилот, ниту пак за евентуално повредени лица.

ФОТО: Инфо сообраќај