Вчера попладне на регионалниот пат Меџитлија – Старавина се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 42-годишен маж од битолското село Новаци.
Според информациите, Д.Ј.(42) управувал мопед со битолски регистарски ознаки, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Од здобиените повреди, мопедистот починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

