Маж пронајден починат, телото предадено на обдукција

Седумдесет и петгодишен велешанец вчера вечерта бил пронајден починат во својот дом во Велес.

Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 23 септември околу 21:30 часот. Во домот бил пронајден Т.С. (75) од Велес.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.