Со мотор излетале од патот, две лица итно пренесени во болница

Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија и таа е пренесена на лекување во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Повозрасна Холанѓанка е потешко повредена во сообраќајната несреќа во Струга, откако мотоцикл „Хонда“ управуван од 72-годишен возач излетал од коловозот.

Во известувањето од МВР стои дека вчера во 14.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на кружна крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Маркс Енгелс“,

Ј.Ц.В.Р.(72) од Холандија, управувајќи мотоцикл „хонда“ со холандски национални ознаки излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Ц.В.Р.(72) од Холандија и таа е пренесена на лекување во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде