УЖАС: Прегазено девојче, со тешки повреди итно пренесено во болница

Малолетничка била вчера прегазена во Неготино. Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди.

– Вчера во 09.05 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Неготино,

патничко моторно возило „опел астра“ со неготински регистарски ознаки, управувано од И.Р.(41) од Неготино, удрило во малолетничка од Неготино,

која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом „Неготино“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде