8.8 C
Skopje
недела, октомври 18, 2026

Вести

Револуција во фудбалот: Жолтите и црвените картони заминуваат во историјата?

Фудбалот би можел да добие уште една технолошка новина, откако во Уругвај за првпат беше тестиран електронски уред за покажување жолти и црвени картони. Необичната сцена се случила за време на натпреварот од Купот на Уругвај меѓу Насионал и Рентистас, кој завршил со победа на Насионал од 3:0. Во еден момент, наместо класичниот жолт картон, судијата подигнал уред што наликува на паметен телефон, на чиј екран била прикажана жолта боја. Станува збор за експериментален систем што го тестира Уругвајскиот фудбалски сојуз, со цел да се дигитализира начинот на кој судиите ги покажуваат дисциплинските казни. Според замислата, наместо традиционалните картони, судиите би користеле електронски уред на кој ќе се прикажува соодветната боја. Новата технологија предизвикува интерес, но отвора и прашање дали ваквата промена навистина е потребна. Жолтите и црвените картони со децении се препознатлив дел од фудбалот. Тие се едноставни, евтини и разбирливи за играчите и гледачите ширум светот. Со воведувањето на ВАР-технологијата и системите за гол-линијата, фудбалот веќе претрпе значајни промени, а овој експеримент претставува уште еден обид за модернизација. Засега станува збор исклучиво за тестирање и нема официјална одлука дека електронските уреди ќе ги заменат класичните жолти и црвени картони.

Македонија

Забава

Ова е најгледаната снимка на ТикТок – видео со над 2,4 милијарди прегледи

Најгледаното видео на TikTok му припаѓа на Зак Кинг и е илузија на темата Хари Потер. Досега има собрано повеќе од 2,4 милијарди прегледи....

Хроника

Актуелно

Спорт

ВИДЕО: Директен црвен картон за Елиф Елмас

Аталанта забележа убедлива победа од 3-1 против Венеција на домашен терен, во рамките на 6. коло од новата сезона во Серија А. Македонскиот репрезентативец...

Елмас стартуваше за Аталанта и запиша асистенција (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, има голем удел во убедливото водство на Аталанта од 3:1 над Венеција по првото полувреме во последниот натпревар од шестото...

Погледнете ја неверојатната одбрана на Столе Димитриевски со која ја спаси Валенсија (ВИДЕО)

Синоќа во меч од 8.коло во Ла Лига, Валенсија како гостин одигра 2:2 против домашниот состав на Расинг Сантандер. Столе Димитриевски иако прими гол,...

Седлоски најави промени за вечерва против Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварот против Шкотска во третото коло од Лигата на нации, во обид да стави крај на резултатската...

Видео: Ирецот прими топка на 40 метри – погледнете го неверојатниот погодок

Трој Парот продолжува со фантастичната голгетерска серија во дресот на Ирска. Напаѓачот на Реал Бетис ја доведе својата репрезентација во водство од 1:0 против...

Страотна сообраќајна несреќа – има повредени

Двајца 14-годишници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и трактор што се случила вчера напладне во струмичкото село Муртино. Несреќата...

Најнови вести

Препорачано