7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2026

Вести

Важни инфорамции за граѓани: Од 29 октомври нов начин на користење лични документи – еве како ќе функционира!

Од четврток, 29 октомври, граѓаните на Македонија ќе можат да ги користат личната карта и возачката дозвола и во дигитална форма, преку нова мобилна апликација за електронски паричник. Новината ја најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој информираше дека апликацијата официјално ќе биде промовирана во среда, 28 октомври. Со новото решение, граѓаните ќе имаат можност да ги прикажуваат своите лични документи директно преку мобилниот телефон, без потреба секогаш да ја користат физичката верзија, на местата каде што дигиталните документи ќе бидат прифатени. Како ќе функционира дигиталната лична карта? За разлика од обична фотографија од документ, дигиталната лична карта ќе овозможува електронска проверка на автентичноста на податоците. Една од главните новини е можноста граѓаните сами да избираат кои лични податоци ќе ги споделуваат. Тоа ќе се прави преку специјален QR-код за еднократна употреба, кој ќе има ограничено времетраење од само 10 до 15 секунди. На овој начин се предвидува поголема контрола врз споделувањето лични информации и поедноставна проверка на идентитетот. Важно е да се нагласи дека физичките лични карти и возачки дозволи остануваат важечки, а дигиталната верзија ќе претставува дополнителна можност за нивно користење. Воведувањето на електронскиот паричник е дел од поширокиот процес на дигитализација на јавните услуги, со цел граѓаните побрзо и поедноставно да пристапуваат до своите документи.

Македонија

Забава

Ова е најгледаната снимка на ТикТок – видео со над 2,4 милијарди прегледи

Најгледаното видео на TikTok му припаѓа на Зак Кинг и е илузија на темата Хари Потер. Досега има собрано повеќе од 2,4 милијарди прегледи....

Хроника

Актуелно

Спорт

Мурињо откри како ја победи Барселона: „Ова е единственото решение“

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Барселона со 2:1 во 10. коло од Ла Лига и така ја преполови предноста на каталонскиот клуб на...

Потрес во Манчестер Јунајтед

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД доживеа тежок пораз на „Олд Трафорд“, каде што Борнмут славеше со убедливи 3:0 во рамките на осмото коло од Премиер лигата. Резултатот...

Арсенал во шок: Познато колку Сака ќе биде надвор од теренот

Арсенал, во средата, одигра 2:2 со Баерн во Минхен, во Лигата на шампионите, но остана без Букајо Сака. Англискиот репрезентативец се повреди по само...

Списокот на кандидати за клупата на Јунајтед е главна вест – кој и да дојде, ќе биде спектакл!

Се чини дека на Островот сè повеќе се наметнува наративот дека Мајкл Керик е многу блиску до отказ, па поради тоа сè погласни се...

Виктор Ѓокереш донесе одлука – Медиумите преплавени со наслови!

Сè уште нема потврда од официјални извори, но речиси сите англиски медиуми, па дури и некои новинари блиски до Арсенал, кои важат за одлично...

Убава вест: Eднократна помош од 5.000 денари за овие пензионери

Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари. „Во...

Најнови вести

Препорачано