Голема радост и славеничка атмосфера ги зафатија улиците на Белград и Нови Сад, откако Александар Вучиќ јавно го призна изборниот пораз на својата политичка опција на вонредните парламентарни избори во Србија.
Репортерите на хрватскиот „Вечерњи лист“, Хрвоје Зовко и Томислав Краснец, известуваат за еуфоријата меѓу граѓаните кои излегле на улиците за да ја прослават победата на студентската листа, според првичните изборни проценки.
Во Нови Сад граѓаните славеле со музика и играње оро, додека во Белград се собрале граѓани кои со воодушевување го дочекале обраќањето на Вучиќ.
„Немаме конечни резултати, но врз основа на стратификуваниот примерок јасно е дека ги изгубивме овие избори. Победи студентската листа, која ќе има меѓу 135 и 140 мандати, додека ние ќе имаме околу 105“, изјавил Вучиќ.
Според проценките што ги презентирал, неговата листа освоила околу 1,72 милиони гласови, додека студентската добила приближно 2,2 милиони.
Граѓаните кои славеле пред камерите не го криеле задоволството.
„Конечно, по жестока борба, по години мака, победа!“, изјавила Александра, една од граѓанките кои ја прославувале изборната ноќ.
Станислава Петровиќ признала дека била изненадена од обраќањето на Вучиќ.
„Не можев да поверувам дека ќе признае оти изгубил“, рекла таа.
Друг граѓанин, Никола, порачал дека станува збор за долгоочекувана победа.
„Сите долго ја чекаа оваа победа. Одиме напред“, изјавил тој.
Една од присутните, Тамара, истакнала дека ја слави победата на слободата, љубовта и европските вредности, изразувајќи надеж за подобри односи со Загреб.
Според неофицијални информации што репортерите ги добиле од активисти на студентската листа во Нови Сад, примерок од десет избирачки места покажувал поддршка од околу 50 отсто за студентите и 36 отсто за листата на Вучиќ. Овие бројки не претставуваат репрезентативен национален резултат.
Додека прославите продолжуваат, се очекуваат конечните официјални резултати и распределбата на пратеничките мандати во српскиот парламент.
View this post on Instagram ...
Германската јавност со голема неверица ја пренесува веста за ненадејната смрт на Андреас Бреме, легендарниот лев бек на Баерн и Интер, но и германската...
Арсенал, во средата, одигра 2:2 со Баерн во Минхен, во Лигата на шампионите, но остана без Букајо Сака. Англискиот репрезентативец се повреди по само...
Група мажи кои вечерва пристигнале во Пионирскиот парк, таканаречениот „Ќациленд“, биле снимени како во трк го напуштаат просторот на паркот.
На профилот „ETF blokada“ на...