Група мажи кои вечерва пристигнале во Пионирскиот парк, таканаречениот „Ќациленд“, биле снимени како во трк го напуштаат просторот на паркот.
На профилот „ETF blokada“ на...
Германската јавност со голема неверица ја пренесува веста за ненадејната смрт на Андреас Бреме, легендарниот лев бек на Баерн и Интер, но и германската...
Арсенал, во средата, одигра 2:2 со Баерн во Минхен, во Лигата на шампионите, но остана без Букајо Сака. Англискиот репрезентативец се повреди по само...
Најмалку 40 лица се повредени, од кои 20 потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Барселона, Шпанија, откако автобус се судрил со автомобил и паднал по насип висок околу 20 метри.
Според информациите што ги пренесува шпанскиот јавен сервис РТВЕ, несреќата се случила на пат што минува низ местото Фогарс де Монклус, во регионот на Барселона.
По судирот, автобусот излетал од коловозот и завршил во провалија, по што веднаш била организирана голема спасувачка операција.
На местото на несреќата биле испратени 15 амбулантни возила, два медицински хеликоптери и три комбинирани екипи за итна медицинска и противпожарна интервенција.
Во спасувачката акција се вклучиле и пожарникарите, кои распоредиле 20 екипи, меѓу кои и две специјализирани за планинско спасување.
Нивната задача била да обезбедат пристап до автобусот, да им помогнат на повредените и да организираат нивно извлекување од тешко пристапниот терен.
И покрај сериозноста на несреќата, дел од патниците успеале самостојно да излезат од автобусот и да се искачат од провалијата до патот.
Според првичните информации, 20 од повредените се во тешка состојба, додека останатите се здобиле со повреди со различна тежина.
Засега не се соопштени дополнителни детали за причините за судирот, ниту за точниот број патници што се наоѓале во автобусот.
Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата и утврдувањето на околностите под кои се случила несреќата.